Станбениот објект Владо Кантарџиев претставува еден од пионерските проекти на современото домување во Гевгелија – првиот приватно изграден комерцијален станбен објект во градот.
Сместен во прекрасно и мирно маало во центарот на Гевгелија, овој проект постави нови стандарди за квалитетна градба, функционален дизајн и комфорен животен простор.

Создаден со визија за модерен, безбеден и практичен дом, објектот ја претставува посветеноста на нашиот тим кон урбан развој, архитектонска естетика и удобност што трае со генерации.


