Комплексот располага со вкупно 3.600 m² паркинг простор, распоредени на две нивоа по 1.800 m².
Вкупно се обезбедени 100 паркинг места за станарите и деловните корисници.
Деловен простор
На приземјето е планиран деловен простор со вкупна површина од 907 m². Просторот е наменет за различни типови бизниси – канцеларии, продавници, аптеки, угостителски или услужни дејности.
Станбен дел
Комплексот содржи 81 стан со различни квадратури, дизајнирани за рационално искористување на просторот и комфор.
Прозорци Rehau Artevo со тројно стакло во антрацит боја, вградени ролетни и комарници
Цидарија изведена со Tong цигли и демит фасада со дебелина од 10 cm
Внатрешна изолација со Knauf гипс-картон систем и звучна изолација
Ѕидови меѓу станови: Tong цигла и гипс-картон
Ѕидови во ходници: Tong цигла и гипс-картон

Паладиум е замислен како енергетски ефикасен, безбеден и модерен објект што обединува станбени и деловни содржини на едно место. Со внимателен избор на материјали и висококвалитетна изведба, проектот нуди долготрајност, стабилност и комфор што ги исполнуваат потребите на современиот начин на живеење и работење.

Секој детал е изработен со прецизност – од архитектонските линии до енергетската ефикасност и природното осветлување – одразувајќи ја филозофијата на Devomak: да се гради со визија, квалитет и душа.

